Поврзете се со нас

Германија

Баерн почнува да „флертува“ со Хаверц: Кој тим не би сакал таков играч

Објавено

на

Баерн Минхен е екипа која секогаш знае да ги привлече најдобрите германски играчи, односно најдобрите играчи од конкурентите во Бундеслигата.

За тоа има многи примери од блиско и далечно минато, а така најверојатно ќе биде и во иднина, па така баварците веќе имаат пикирано еден нов фудбалер-тоа е Каи Хаверц од Баер Леверкузен. За тоа веќе пишува медуимите, а дека Баерн можеби веќе работи на случајот може да се согледа и од изјавата на тренерот Ханси Флик пред утрешната пресметка со „фармацевтите“.

-Мислам дека има малку тренери на светот кои не би го сакале Хаверц во својот тим. Го знам уште од тимот до 17 години (Германија). Фантастично се развива во Леверкузен. Многу добро се движи низ линиите и се движи многу добро низ линиите, има силен инстинкт да постигнува голови на млада возраст, -истакна Флик.

Каи во оваа сезона во Бундеслигата има учинок од 11 голови и 5 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни