Поврзете се со нас

Германија

Баерн почна да го „цепка“ шампионскиот тим на Леверкузен: Компани ќе го добие столбот во одбраната на Чаби Алонсо

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен се навикна да ги купува најдобрите играчи од Бундеслигата и да се засилува директно од големите ривали, а по се изгледа таков случај ќе се повтори и ова лето.

Во минатото Борусија Дортмунд беше таа која најмногу страдаше од ваквата политика на баварците, но како што стојат работите, исклучок нема да биде и Баер Леверкузен.

И покрај историската сезона за тимот од „Бај Арена“, Баерн и натаму останува најатрактивен клуб во Германија, па „Скај Спорт“ информира дека Џонатан Тах решил да му се приклучи на великанот од „Алијанц арена“.

Германскиот репрезентативец беше столб во одбраната на Чаби Алонсо во сезоната која штотуку заврши и се очекува да биде стартер и на Европското првенство, по кое најверорјатно ќе го комплетира трансферот во Баерн.

Германски „Скај“ вечерва информира дека самиот фудбалер ги известил челните луѓе на Леверкузен дека неговиот циклус во клубот е завршен, бидејќи од Баерн добил понуда која едноставно не се одбива.

Според информациите, Баерн му понудил договор до 2029-та година, па тоа е гаранција дека Тах ќе остане врзан за баварците до своја 33-годишна возраст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни