Поврзете се со нас

Германија

Баерн победува и без Левандовски, Хумелс неочекуван херој за Борусија (Видео)

Објавено

на

Роберт Левандовски не беше повикан и не беше во комбинација за денешниот меч против Келн, но и покрај тоа, Баерн Минхен докажа дека знае да победува и без својот прв и најдобар голгетер.

Германскиот првак значително си ја олесни работата во првото полувреме, во кое постигна два гола за комотно водство од 0:2. Томас Милер од пенал погоди за 0:1, додека пред крајот на првиот дел, предноста ја зголеми Серж Гнабри по една одлична соло акција.

Во вториот дел, Баерн се предодреди да го одбрани резултатот кој го има, но таквата поставеност на теренот им донесе вознемирувачки минути во завршницата, бидејќи Келн нападна откако постигна гол за 1:2. Дреклсер погоди во 82-та минута, но сепак домаќините не успеаја да постигнат и втор гол за израмнување, што значеше дека Баерн ја прокнижи четвртата победа во серија во Бундеслигата.

Истото важи и за Борусија Дортмунд, бидејќи „милионерите“ денеска славеа гостинска победа кај Арминија Билефелд, натпревар на кој тимот на Фавр доби неочекуван херој.

На најдобрите стрелци на Борусија не им одеше на овој меч, но затоа голгетерската улога ја презема Матс Хумелс кој на двапати погоди во вториот дел и ги постави конечните 0:2.

На останатите средби во Бундеслигата, Агузбург славеше над Мајнц со 3:1, Ајнтрахт Фракнфурт и Вердер Бремен ремизираа 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни