Поврзете се со нас

Германија

Баерн отпушти помошник на Нагелсман, Салихамиџиќ ја објасни причината

Објавено

на

Баерн Минхен ја изненади јавноста со одлуката да ја прекине соработката со Тони Тапаловиќ, инаку тренер на голманите во првиот тим на германскиот великан.

Тапаловиќ одамна е во баварскиот клуб и му беше асистент и на Јулијан Нагелсман, но сега дефинитивно остана без ангажман. Тоа го потврди и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој се заблагодари за досегашната соработка.

– Тони беше дел од нашите успеси изминатите години како тренер на голманите и благодарни сме за тоа.

– Разликите во ставот за начинот на работа доведоа до тоа секој да продолжи по својот пат, му посакуваме се најдобро на Тапаловиќ во иднина, – изјавил Салихамиџиќ.

Според германските медиуми, хрватскиот стручњак имал недоразбирања со Нагелсман, а дополнителен притисок направил и конфликтот со Александер Нибел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни