Поврзете се со нас

Германија

Баерн остана без важен играч во наредните неколку недели

Објавено

на

foto: x.com/nzs_si

Баерн Минхен ги очекува своите интернационалци во пресрет на густиот распоред во кој ќе одигра четири натпревари за единаесет дена, но тренерот Венсан Компани денеска добил потврда дека останал без едно од последните засилувања.

Жоао Палиња заработил повреда на тренинг на португалската репрезентација и бил утврден проблем, поради кој ќе мора да паузира неколку недели.

Палиња се враќа повреден од тренинг кампот на португалската репрезентација и нема да може да им помогне на соиграчите на дуелот со Аугзбург во Бундеслигата, но и подоцна против ПСЖ во Лигата на шампионите, дербито со Борусија во домашното првенство и средбата со Баер Леверкузен во Купот закажана за 3. декември.

Баварците го пречекуваат Аугзбург веќе во петок, а потоа на домашен терен ќе го одиграат и дербито во ЛШ против ПСЖ.

Во моментов, Баерн има пет бодови предност во однос на второпласираниот РБ Лајпциг во Бундеслигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни