Поврзете се со нас

Германија

Баерн официјално го потврди второто јануарско засилување (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Фановите на Баерн Минхен можат да бидат задоволни од овој викенд, во кој покрај победата на својот тим е вклучен киксот на Баер Леверкузен и потврдата за нов трансфер.

Германскиот првак денеска официјално го потврди второто јануарско засилување, а тоа е Саше Бое, францускиот десен бек кој пристигна од редовите на Галатасарај.

Бое уште вчера пристигна во Минхен, експресно ги минал лекарските прегледи, па денеска е промовиран во дресот на Баерн.

Французинот потпишал договор до 2028 година, а Баварците ќе платат 28 милиони евра за овој трансфер, кој е втор по тој на Ерик Дајер во зимскиот преоден рок.

Тренерот Томас Тухел конечно доби добра вест, со оглед на големиот број повредени играчи, меѓу кои од вчера е и Кингсли Коман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни