Поврзете се со нас

Германија

Баерн одреди драконска парична казна за Мане, „Билд“ откри дека Сане имал изненадувачко барање до управата на клубот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Епизодата „Садио Мане“ полека влегува во самата завршница кога е суспензијата во прашање, бидејќи угледниот германски магазин „Билд“ откри и колку точно ќе изнесува паричната казна за која Баерн не откри детали во своето соопштение.

Покрај суспензијата на неодредено време, клубот во своето обраќање до јавноста порача дека напаѓачот ќе биде и парично олеснет, а според реномираниот медиум кој секогаш има свои инсајдерски информации, Сенегалецот добил драконска казна.

Веста вели дека Мане ќе остане покус за 500 илјади евра поради тепачката која ја предизвикал во соблекувалната на Баерн, каде негова жртва бил Лерој Сане.

Истиот медиум известува дека доста изненадувачка и коректна реакција имал жртвата во дадената ситуација, бидејќи Сане експресно свртел страна и побарал од клубот да не го отпушта Мане и да не претерува со казната.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул сигурно нема да игра против Хофенхајм овој викенд, но сепак постои шанса да биде помилуван и да биде дел од тимот кој ќе настапи на реваншот против Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни