Поврзете се со нас

Германија

Баерн не сака да слушне за заминување на Левандовски

Објавено

на

Роберт Левандовски со години е прва виолина во нападот на Баерн Минхен, нивен најдобар голгетер, но и воедно нивен најдобар, најконстантен играч.

Полјакот придонесе за многу успеси, титули на Баерн, а со своите партии, изданија дефинитивно се промовираше, стави себеси во групата на најквалиетни асови на светот.

Меѓутоа неговиот сегашен договор му истекува во 2023 година и засега тешко одат преговорите за продолжување на соработката, па голгетерот се поврзува со заминување со тоа што како прва опција се појавува Барселона.

Сепак од таборот на „баварците“ не сакаат да се откажат од него, веќе испратија повеќе пораки, а последната дојде од почесниот претседател Ули Хенес.

-100 проценти верувам дека Левандовски ќе игра за Баерн и во наредната сезона. Има договор, толку е едноставно, -рече Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни