Поврзете се со нас

Германија

Баерн не дозволи нов „случај Алаба“ и реши круцијално прашање: Поставивме силна основа за иднина (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен остана без Давид Алаба изминатовто лето и го загуби без никаква отштета, но баварскиот великан не дозволи втор таков случај во краток период, иако германските таблоиди подолго време најавуваа такво сценарио.

По неколкумесечни преговори, упрвата на клубот конечно пронајде заеднички јазик со херојот од Лисабон, односно играчот кој го постигна клучниот гол во финалето во Лигата на шампионите во големото финале против ПСЖ пред две години.

Не само што останува во Минхен, Кингсли Коман потпиша долгорочен договор кој го врзува со баварскиот великан до 2027-ма година, што јасно укажува на тоа дека во клубот гледаат на Французинот како играч со светла иднина и покрај тоа што веќе шест години е на „Алијанц арена“.

– Многу сме среќни што Кингсли Коман потпиша долгорочен договор со Баерн. Кингсли му се приклучи на Баерн во 2015 година како еден од најголемите европски офанзивни таленти и се разви во играч од светска класа кај нас во изминатите шест и пол години. Со својот гол во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, тој веќе испиша историја и сега има одлична можност да изгради една цела ера. Наша цел е Баерн да остане конкурентен меѓу најдобрите европски играчи во годините што доаѓаат. Со продолжувањето на договорот со Кингсли, Џошуа Кимих и Леон Горецка, поставивме силна основа за ова, – изјави Хасан Салихамиџиќ.

– Многу сум среќен што останува, Баерн е еден од најдобрите клубови во светот и знам дека имаме уште многу големи цели овде. Во клубот сум од 2015 година и чувствувам дека сме едно големо семејство. Се е совршено овде. Моите најдобри години како фудбалер се уште се пред мене и мило ми е што ќе ги поминам во Баерн. Мојата најголема цел е повторно да ја освојам Лигата на шампионите, но овој пат тоа да биде заедно со навивачите на трибините, – изјави Коман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни