Поврзете се со нас

Германија

Баерн направи голем исчекор кон титулата, фановите на Борусија бесни за недосудениот пенал (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен направи огромен чекор кон титулата во германската Бундеслига на денешното гостување на „Сигнал Идуна парк“, откако успеа да освои три бода на „Дер Класикер“ дербито кое се одигра во Дортмунд.

Истото изобилуваше со напаѓачи фудбал, добри шанси и беспоштедна битка, но за жал, ни донесе и една спорна ситуација која секако експресно крена голема прашина во фудаблска Германија.

Резултатот го отвори Џошуа Кимих пред крајот на првиот дел со фантастичен волеј погодок, но сепак ремек-делото не е единственото за кое зборува цела Германија поради една ситуација во вториот дел.

Непосредно пред 60-та минута од мечот, Халанд испрати силен шут кон голот, а топката заврши во раката на Боатенг кој беше на земја. Очигледно, во дадената ситуација луѓето во ВАР собата проценија дека станува збор за природна положба на раката, но тоа мислење не го делат и фановите на Борусија кои веднаш распалија на социјалните мрежи.

До крајот, Борусија имаше уште неколку обиди да постигне барем израмнувачки гол, но Нојер беше на висина на задачата кога беше тестиран и ја задржа големата предност за Баерн со која сега отидоа на плус седум на првенствената табела на шест кола пред крајот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни