Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен потврди засилување од ПСЖ

Објавено

на

Од таборот на Баерн Минхен во текот на денешниот ден го потврдија ангажманот на фудбалер на ПСЖ кој на „Алијанц“ доаѓа како слободен агент.

Станува збор за младиот, 18 годишен стопер Тангуј Куаси кој оваа сезона одигра шест натпревари во Лига 1 во дресот на ПСЖ.

Играчот со тимот на Баерн Минхен потпиша четиригодишен договор кој ќе му истече на 30 јуни, 2024 година.

– Среќни сме што бевме во можност да го донесеме Тангуј Куаси во Баерн Минхен. Според нас тој е еден од најголемите таленти во Европа.

-Најдобро се снаоѓа на позицијата централен дефанзивец, но може да пополни неколку позиции на теренот. Сигурни сме дека ќе има одлична кариера во Минхен и ќе го засили нашиот тим, -изјави Хасан Салихамиџиќ.

Со свој коментар се јави и младиот играч кој реализира одличен трансфер ова лето.

– Многу сум среќен што добив можност да играм за Баерн. Ова е голем клуб со богата традиција. Навистина се надевам дека ќе се наметнам овде и ќе играм многу натпревари. За тоа ќе работам доста напорно, -изјави Куаси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни