Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен од денес посилен за Забицер

Објавено

на

Баерн Минхен беше тивок цел преоден рок, за истиот да го заврши со одличен потег, а тоа е официјализирањето на трансферот на Марсел Забицер.

Забицер доаѓа од редовите на РБ Лајцпиг и со германскиот првак потпишал четиригодишен договор, со што стана втор фудбалер по Дајо Упамекано кој се пресели во иста насока во текот на овој преоден рок.

– Забицер поседува се што му е потребно на еден фудбалер на Баерн, а нема да му биде потребно многу време за адаптација бидејќи и досега соработуваше со тренерот Јулијан Нагелсман, – изјави Оливер Кан, новиот Извршен директор на Баерн Минхен.

Австриецот ќе го носи дресот со број 18, кој досега му припаѓаше на германскиот репрезентативец Леон Горецка, а кој во иднина ќе биде осумка на Баварците.

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн ќе плати 15 милиони евра за 27-годишниот фудбалер со 145 настапи во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни