Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен му ја соопштил конечната одлука на Боатенг

Објавено

на

blank

Баерн Минхен ќе остане без неколку важни фудбалери по крајот на актуелната сезона, а еден од оние играчи кои ќе заминат во друга средина е и Џером Боатенг.

За поранешниот германски репрезентативец одамна се шпекулира дека ја игра последната сезона во Баерн, а „Кикер“ пренесува дека сега клубот и официјално го информирал неговиот агент за плановите за иднината.

Тоа значи дека Баерн го потврдил заминувањето на искусниот дефанзивец и тој може да размислува за следниот чекор во својата кариера.

Боатенг веќе десет години е дел од баварскиот состав, пристигна во Минхен од Манчестер Сити и со Баерн освои многу трофеи, меѓу кои осум во Бундеслигата и два во Лигата на шампионите.

Баерн веќе го обезбеди потписот на Даниел Упамекано од РБ Лајпциг, што беше знак дека планира подмладување на дефанзивната линија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни