Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен купува јапонски тинејџер

Објавено

на

Германскиот првак Баерн Минхен веќе е во преговори за трансфер на големиот јапонски талент Таики Фукуи, – пренесуваат добро упатените германски новинари.

18-годишниот Фукуи изминатиот период бил на проба во вториот тим на Баерн и ги импресионирал одговорните во клубот, па Баварците решиле навреме да го обезбедат неговиот потпис.

Фукуи е член на Саган Тосу и во Јапонија го сметаат за најголем талент на својата генерација, а Баерн ќе очекува дека ќе биде иден првотимец и исплатлива инвестиција.

Ако биде договорен во овој преоден рок, Фукуи ќе го засили У-23 тимот на Баерн, чиј тренер е Мартин Демикелис.

Фукуи веќе има четири настапи во јапонската прва лига, но Саган најчесто го користи во У-18 првенството каде има импресивни бројки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни