Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен ќе жртвува играч за да го донесе Лерој Сане на „Алијанц Арена“

Објавено

на

Баерн Минхен долго време се интересира за услугите на фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане.

„Баварците“ сакаа да го ангажираат крилниот фудбалер и минатата сезона, но тогаш кога преговорите беа во полн ек, фудбалерот доживеа незгодна повреда која го оддалечи од терените речиси цела сезона.

Сега како што наближува трансфер периодот, така се повеќе растат шпекулациите дека германскиот клуб повторно ќе тргне по Лерој Сане.

Како што пишува „Манчестер Ивнинг Њуз (МЕН)“, Баерн Минхен во замена за Лерој Сане ќе го понуди и Лукас Ернандез.

Францускиот репрезентативец не се изнаигра многу во Германија по неговиот трансфер од Атлетико Мадрид, па нема да биде некоја голема штета ако клубот го „жртвува“ овој фудбалер.

Лерој Сане уште лани беше посочен како идеална замена за Френк Рибери и Арјен Робен кои си заминаа од клубот минатото лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни