Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен ја подготвил понудата за Мане, Салихамиџиќ ќе ја води целата процедура

Објавено

на

Угледниот германски медиум „Скај Германија“ пренесе дополнителни информации поврзани со можниот трансфер на Садио Мане од Ливерпул во редовите на Баерн Минхен.

Денеска излегоа шпекулации дека Садио Мане и официјално се збогувал со своите соиграчи и дека им посочил дека си оди по крајот на оваа сезона.

Сенегалецот е трансфер желба на Баерн Минхен, клуб кој е подготвен да издвои 30 милиони евра плус десет милиони евра изразени во бонуси за да го обезбеди неговиот потпис.

„Скај Германија“ пишува дека спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ ќе ја води операцијата за ангажман на Мане, додека пак Оливер Кан и Карл Хајнц Румениге го гледале играчот во вчерашниот финален натпревар против Реал Мадрид и имале блиц средба со него.

Баерн Минхен ќе му понуди на Мане тригодишен договор кој ќе заврши во 2025 година и со овој трансфер би се решиле проблемите во офанзивата кои ќе настанат со евентуалното заминување на Роберт Левандовски кое е се поизвесно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни