Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Германскиот шампион Баерн Минхен почна со регрутацијата на нови фудбалери, па денеска и официјално е претставено првото засилување за следната сезона.

Новиот тренер Томас Тухел сигурно ќе направи промени во ростерот во текот на овој преоден рок, а од денеска и дефинитивно е јасно дека на располагање ќе го има Конрад Лајмер.

Австриецот доаѓа како слободен агент, односно без отштета од редовите на РБ Лајпциг, а овој трансфер беше најавен уште пред неколку месеци, за денеска да стигне и официјалната презентација од баварскиот тим.

Лајмер одамна беше избор на Јулијан Нагелсман, но овој тренер не успеа да го дочека во редовите на Баерн, бидејќи во меѓувреме заработи отказ од бундеслигашот. 26-годишниот играч за врска потпишал договор до 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни