Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен го казни неодговорниот Толисо

Објавено

на

Францускиот фудбалер Клементан Толисо заработи казна од својот клуб поради тетоважата која ја направил пред неколку дена.

Баерн парично го казнил Толисо и тој не беше во комбинација за дуелот со Хофенхајм, откако стана јасно дека непосредно пред средбата, тој се тетовирал, што претставува прекршување на правилата поврзани со заштитата од коронавирусот.

Откако не се најде во составот на вчерашната средба, клупскиот претседател Карл-Хајнц Румениге го објави ставот на германскиот великан.

– Благодарни сме што Бундеслигата продолжи и покрај строгите мерки за заштита од опасниот вирус.

– Сепак, еден од условите да се најдеме во ваква ситуација е сите фудбалери, вработени во клубовите и тренерите да ги следат мерките предвидени за заштита од ковид-19. Толисо ги прекрши правилата, нема да го толерираме тоа и паричната казна која ќе ја добие, ќе биде уплатена во хуманитарни цели, – изјавил Румениге.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни