Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен го добива првото засилување: Играчот кој го сакаше и Барса ги минал прегледите

Објавено

на

Баерн Минхен наскоро ќе го објави потписот на мароканскиот репрезентативец и фудбалер на Ајакс, Нусаир Мазрауи.

Дефанзивецот на, се поизвесно, новиот холандски шампион ги минал медицинските прегледи со Баерн Минхен и веќе го потпишал договорот со тимот од Германија.

Наскоро се очекува и официјално да биде потврден трансферот на играчот кој без обесштетување ќе пристигне на „Алијанц Арена“ во Минхен.

За Мазрауи голем интерес имаше и од Барселона, а и самиот играч најавуваше негов можен трансфер на „Камп Ноу“, но по средбата која играчот ја имал со Јулијан Нагелсман и Оливер Кан во месец март донел конечна одлука да го избере тимот на Баерн Минхен.

„Баварците“ следно ќе се насочат кон ангажман на Рајан Гравенберх кој исто така игра во редовите на Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни