Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен договорил голем германски талент

Објавено

на

Раководството на Баерн Минхен веќе договорило уште едно засилување за баварскиот тим, а се работи за Флоријан Вирц од редовите на Баер Леверкузен.

19-годишниот Вирц се смета за еден од најголемите германски фудбалски таленти, а во периодот кога се рехабилитира од повреда, го прифатил предлогот на Баерн за трансфер на „Алијанц“.

Германскиот првак го добил посакуваното „да“ од Вирц, па сега останува да биде постигнат договор уште само со Баер, кој може да заработи сериозна сума од овој трансфер.

Ако „фармацевтите“ инсистираат на откупната клаузула, тогаш Баерн ќе мора да плати дури 100 милиони евра за Вирц, а неговиот актуелен клуб е во добра позиција бидејќи договорот му истекува дури во 2027 година.

Вирц заработи потешка повреда на коленото и нема играно од март, но веќе почнал со полесни тренинзи и наскоро ќе се врати на терените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни