Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен до крајот на преодниот рок носи две супер засилувања

Објавено

на

Германските медиуми пренесуваат дека од таборот на Баерн Минхен напорно работат за ангажирање на две супер засилувања до крајот на овој преоден рок.

„Баварците“ на чело со Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан ќе се обидат да го ангажираат Дајот Упамекано од РБ Лајпциг и се убедени дека ќе го донесат играчот од нивниот ривал од Бундеслигата.

За 22 годишниот француски фудбалер има интерес и од Ливерпул и Манчестер Јунајтед кои нема да се обидат да го донесат играчот до крајот на овој преоден рок, па од Баерн ќе сакаат да ја искористат таа можност и да го договорат играчот.

Тоа ќе им биде навистина тешко затоа што Упамекано е најдобар играч на Лајпциг, а тешко дека германскиот клуб ќе се откаже од својот играч во последниот ден од преодниот рок и тоа на сред сезона. Но, затоа постои варијанта Баерн да го договори играчот кој би останал во Лајпциг уште шест месеци, па од следната сезона би се преселил во Баварија.

Од друга страна според информациите на „Скај Германија“, Баерн Минхен е во завршни преговори со Флориан Нојхаус од Борусија Мехегладбах.

Станува збор за играч од средниот ред кој игра на високо ниво за тимот на Мехенгладбах и нема дилеми дека дополнително ќе го засили тимот на Ханси Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни