Поврзете се со нас

Германија

Баерн Минхен до крајот на преодниот рок ќе донесе уште две засилувања

Објавено

на

Баерн Минхен во досегашниот дел од преодниот рок се засили со три имиња, Лерој Сане, Александер Нубел и Тангуј Нианзу.

Актуелниот европски шампион ќе ги засили своите редови со уште двајца фудбалери кои ги побарал самиот тренер на клубот, Ханси Флик.

Прво засилување на германскиот клуб ќе биде десниот бек на Ајакс, Сержињо Дест. Овој фудбалер веќе извесен период се поврзува со трансфер во Минхен, а двата клуба веќе преговараат за неговиот трансфер.

Друг играч кој би можел да се пресели во Баварија е крилниот фудбалер на Челси, Калум Хадсон- Одои.

Младиот репрезентативец на Англија се поврзуваше со Челси и минатата сезона, но тогаш го продолжи договорот со „сините“ со уверување дека ќе добива повеќе шанса во првиот тим.

Сега кога Лампард не го исполни ветувањето, играчот е подготвен да се пресели во Минхен, а Баерн го обнови интересот за него, па јасно е дека наскоро можеме да видиме реализација на ваков трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни