Поврзете се со нас

Германија

Баерн лесно се справи и со Гројтер Фирт (Видео)

Објавено

на

Актуелниот германски шампион, Баерн Минхен ја продолжи победничката серија откако очекувано лесно се справи и со Гројтер Фирт против кого славеа со 3:1.

„Баварците“ беа апсолутни фаоврити на оваа средба и тоа го докажаа уште по првите 45. минути кои ги добија со 2:0.

Стрелци на головите во првиот дел за Баерн кој беше гостин на овој натпревар беа Томас Милер и Џошуа Кимих.

Во вториот гол клубот од Минхен остана со играч помалку по исклучувањето на Павар, но тоа не беше пречка да постигнат и трет гол преку Грисбек кој си ја затресе сопствената мрежа.

Конечниот резултат на средбата го постави Итен во 88. минута откако со глава го матираше Мануел Нојер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни