Поврзете се со нас

Германија

Баерн ќе се откаже од голем талент, за да го добие потписот на Вирц

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Флоријан Вирц ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери од европските клубови во наредниот преоден рок, а Баерн Минхен е еден од тие претенденти кои сакаат да го видат германскиот репрезентативец во своите редови.

Вирц веќе покажа со каков потенцијал располага и ќе биде големо засилување без разлика каде ќе замине, а „Билд“ тврди дека Баварците се подготвени да жртвуваат и свој голем талент, за полесно да дојдат до договор со Баер Леверкузен.

Се работи за 18-годишниот Паул Ванер, за кого „фармацевтите“ дефинитивно се заинтересирани, а Баерн е подготвен да го вклучи во зделката, со што ќе ја намали и трансфер сумата која ќе треба да се исплати.

Ванер сезонава игра на заем во редовите на Хајденхајм, а деновиве е актуелен поради одбивањето на повикот на германскиот селектор Јулијан Нагелсман, што отвори шпекулации дека можеби избрал да настапува за Австрија.

Јасно е дека Баерн ќе има голема конкуренција за потписот на Вирц, се споменуваат и Реал Мадрид и неколку премиерлигаши, па останува да се види каква ќе биде одлуката на Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни