Поврзете се со нас

Германија

Баерн ќе ја тужи канадската федерација за повредата на Дејвис

Објавено

на

Фото: https://x.com/FCBayern

Германскиот клуб Баерн Минхен планира да ја тужи Канадската фудбалска федерација поради сериозната повреда која Алфонсо Дејвис ја заработи на натпревар со мало значење.

Левиот бек на Баварците ги скинал лигаментите на коленото во дуелот за третото место во КОНКАКАФ Лигата на нации, па сега го очекува долга пауза, нешто што очекувано предизвика голем револт во редовите на бундеслигашот.

Според Баерн и агентот на Дејвис, фудбалерот воопшто не требало ни да игра на дуелот со САД поради тоа што не бил целосно подготвен, а Канаѓаните подоцна го испратиле на долг лет без никаква медицинска грижа.

– Испраќањето очигледно тешко повреден фудбалер на 12-часовен интерконтинентален лет без никаква медицинска асистенција е голема негрижа и прекршување на поставените норми.

– Дејвис веќе имаше мускулни проблеми пред натпреварот и неверојатен е фактот што селекторот го користел од првата минута во натпревар без посебно резултатско значење.

– Бараме целосна истрага за тоа што се случувало и имаме право на отворање правен процес, – изјавил Јан-Кристијан Дресен, извршен директор на Баерн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни