Поврзете се со нас

Германија

Баерн ќе го задржи трансфер промашувањето од минатата сезона: Се уште веруваме во него

Објавено

на

Баерн Минхен е познат по тоа што купува играчи од своите ривали до Бундеслигата со што дополнително го засилува својот состав, а од друга страна ги ослабува своите противници.

Таков беше случајот и лани кога клубот го ангажираше Марсел Сабицер од редовите на Ред Бул Лајпциг.

Австрискиот интернационалец дојде како големо засилување и многумина очекуваа дека ќе „експлодира“ во Минхен, но тоа за жал не се случи.

По ужасната сезона на „Алијанц Арена“ се појавија шпекулации дека Баерн веднаш би можел да го продаде играчот, но таквите вести ги отфрли Хасан Салихамиџиќ кој истакна дека веруваат во него и дека ќе го задржат и следната сезона.

– Веруваме во него, веќе разговаравме со неговиот агент и се помина во најдобар ред. Сакаме да го вратиме во старата форма и ќе се обидеме да го направиме тоа, -изјави Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни