Баерн ја продлабочи кризата на Шалке (Видео)

robert

Екипата на Шалке игра далеку под очекувањата на стартот на новата натпреварувачка сезона, а затоа говори и податокот што има запишано само една победа во сите натпреварувања.

Токму поради тоа и не изненадува денешната рутинската победа на Баерн Минхен во Гелзенкирхен со 2-0. Фаворитот го оправда тој статус на теренот со по еден погодок во првото и второто полувреме. Хамес на асистенција на Кимих го отвори резултатот во 8 минута, додека пак точка на триумфот стави Левандовски од пенал во 64 минута.

Баерн сега има четири од четири во Бундеслигата, а пак Шалке е закован на дното со четири порази и гол разлика 2-8.

Facebook Коментари