Поврзете се со нас

Германија

Баерн ја поправи грешката со играчот кој стана шампион надвор од „Алијанц арена“ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен фати поинаков правец ова лето и ќе се обиде да ги поправи сите грешки кои ги направи во изминатите 12 месеци, а една од најголемите е ослободувањето на Јосип Станишиќ.

Хрватскиот репрезентативец беше означен како прекуброен во тимот на Тухел и замина на позајмица во Баерл Леверкузен, но откако постигна гол во дербито против Баерн и подоцна стана геремански шампион со Леверкузен, баварците сега ќе ја намалуваат штетата.

Германскиот великан денеска соопшти дека е потпишан нов договор со десниот бек кој може да одговори на уште неколку позиции во одбраната, а задоволството од ова сценарио не го криеше и самиот Станишиќ.

– Носењето на дресот на Баерн за мене значи се. Јас сум фан на Баерн откако паметам за себе. Мојот татко ми ја всади таа љубов и се уште се сеќавам на натпреварите кои ги гледав како фан на стадионот.

– За мене Баерн е најголемиот клуб во светот. Научив многу изминатава година, дури и беше малку добро да заминам од дома, од мојот Минхен. Стекнав голема самодоверба и сега се враќам желен за докажување, – изјави Станишиќ по потпишувањето на договорот до 2029-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни