Поврзете се со нас

Германија

Баерн ја покажа страшната трансформација на својата млада ѕвезда (Фото)

Објавено

на

Баерн Минхен делува навистина импресивно и фантастично под водство на Ханс Флик, човекот кој беше доведен како привремено решение по лошата епизода која ја имаше Нико Ковач.

Сепак, тренерот кој се предвидуваше да биде во Баерн неколку натпревари ја придоби довербата од раководството, но и ги освои симпатиите на фановите со промената која ја направи во тимот.

Бројките стојат зад него и Флик има 15 победи на првите 18 натпревари како тренер на Баерн, па не чуди тоа што клубот веќе му додели долгорочен договор.

Од друга страна, со Флик прогрес забележаа и сите играчи од првиот тим, но иако во последно време најмногу се говори за сензационалниот Алфонсо Дејвис, во прв план под водство на новиот тренер се најде и Леон Горецка.

Играчот за врска сериозно напредна и направи исчекор, а Баерн сега долови како изгледа неговата страшна трансформација од слабо момче во вистински „ѕвер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни