Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Баерн ја доби и втората битка со Леверкузен, Интер го потврди пласманот во четвртфиналето на ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Баерн Минхен ја доби и втората битка со Баер Леверкузен и со вкупни 5-0 ја мина осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

„Баварците“ ја освоија „БајАрена“ со 2-0 што беше потврда дека во овој момент се подобар тим од „фармацевтите“ на кои им бегаат и во Бундеслигата. Најважните моменти се случија во второто полувреме кога Кејн со гол и асистенција за погодокот на Дејвис одигра клучна улога за трумфот.(ОВДЕ погледнете ги најважните моменти)

Баерн во четвртфиналето ќе се соочи со Интер кој оваа вечер уште еднаш беше подобар од Феенорд. Калчолигашот славеше на „Џузепе Меаца“ со 2-1 и со вкупен резултат од 4-1 оди меѓу осумте најдобри во најквалитетното клупско натпреварување.

Тирам и Чалханоглу беа автори на двата гола за домаќините, на другата страна од 11 метри реалзиираше Модер. (ТУКА погледнете ги головите)

На третата вечерашна средба ПСЖ како гостин го доби Ливерпул со 1-0 што донесе најмалку уште 30 минути игра на „Енфилд Роуд“, а може и пенали.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни