Германија
Баерн ја доби голеадата на „Алијанц Арена“, ретко славје на Дортмунд на гостински терен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа 16. победа во 20. сезонски натпревар во Бундеслигата и со тоа ја зголемија предноста на табелата во однос на второпласираниот Баер Леверкузен кој утре се соочува со Хофенхајм.
Баварците примија дури три погодоци од аутсајдерот Холштајн Кил, но тоа не го спречи да дојдат до посакуваните три бода со триумфот од 4-3.
Фаворитот до 62 минута водеше со 4-0 со головите на Мусиала, Кејн (2) и Гнабри, меѓутоа потоа дојде до мало опуштање и гостите до крајот на средбата реализираа дури трипати во мрежата на Нојер.
Борусија Дортмунд пак ретко победува надвор од својот дом во тековнава сезона, а второто славје во десеттиот меч го забележа над Хајденхам со 2-1 со головите на Гираси и Бајер.
Резултати: Хајденхајм – Борусија Д. 1-2, Баерн М. – Х. Кил 4-3, Сент Паули – Аугзбург 1-1, Бохум – Фрајбург 0-1, Штутгарт – Борусија М. 1-2
-
Шпанија24 часа
Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени
-
Лига на шампиони22 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија23 часа
Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)
-
Англија14 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија22 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа15 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)
-
Шпанија21 час
Тажна вест: Почина младото момче на кое Мбапе му ја исполни последната животна желба (Видео)