Германија
Баерн испратил втора, подобрена понуда за Кејн

Баерн Минхен продолжува да притиска за потписот на Хари Кејн, а денеска бундеслигашот испратил и втора понуда до Тотенхем.
Очекувано, германскиот првак ја подобрил финансиската страна на понудата, па на премиерлигашот му се понудени 80 милиони евра, плус дополнителни бонуси кои би можеле да се активираат во иднина.
Претходната понуда беше за 10 милиони пониска во основниот дел, а сега останува да се види дали Тотенхем ќе го промени ставот за својата најголема ѕвезда.
Угледниот германски новинар, Флоријан Плетенберг тврди дека Баерн има добиено зелено светло од Кејн за оваа акција, односно англискиот репрезентативец прифатил да се пресели во Минхен, во случај двата клуба да постигнат договор за трансферот.
Неколку лета наназад Кејн е поврзуван со конечно напуштање на Тотенхем, но се чини дека овој пат Баерн е најблиску до реализација на ваков трансфер.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки