Поврзете се со нас

Германија

Баерн има само една примарна тренерска цел, откупната клаузула чини околу 20 милиони евра

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен и Томас Тухел заеднички ја информираа јавноста дека спогодбено се договориле за прекин на соработкта на крајот од сезоната, што значи дека искусниот стручњак ќе добие шанса да ја доврши оваа кампањата, а потоа да го ослободи своето место.

Разочарувачките резултати предизвикаа сериозен потрес на „Алијанц арена“ и многумина се чудеа како Тухел не доби отказ по трите порази во низа, но планот на раководството да не се нарушува атмосферата какошто беше случај пред една година, по што ќе се прават сосема нови планови за следната сезона.

Тухел ќе добие шанса да си замине на подобар начин во завршните неколку месеци од оваа сезона, но информациите од Германија велат дека Баерн веќе со полна пареа работи на договорање на неговиот наследник.

Баварците во овој момент имаат една единствена примарна цел, а тоа е Чаби Алонсо кој направи чудо во Баер Леверкузен во изминативе неколку месеци. Ливерпул се издвојуваше како прв фаворит за потписот на Чаби по крајот на оваа сезона, но Баерн ќе биде огромна конкуренција за клубот од „Енфилд Роуд“, бидејќи претставниците на германскиот првак веќе стапиле во контакт со агентот на Шпанецот.

Баерн сака да го добие Алонсо по секоја цена и не разгледува ниту една друга опција во овој момент, свесни дека ќе мора да исплатат дебела отштета во месец мај. Германските медиуми информираат дека ослободителната клаузула на Чаби во Леверкузен изнесува околу 20 милиони евра, но во Баерн се согласни дека нема да штедат за да го обезбедат неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни