Поврзете се со нас

Германија

Баерн има пикирано замена за Нагелсман

Објавено

на

Баерн Минхен влезе во лоша резултатска серија во Бундеслигата и тоа по пеколниот старт на кампањата во која имаше три победи на исто толку средби со гол разлика 15-1.

Меѓутоа по блескавата партија над Бохум и триумфот од 7-0 почнаа проблемите за бундеслигашот, па беа освоени само три бода во мечевите со Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт за да минатиов викенд „баварците“ се лизнат и загубат од Аугзбург со 1-0.

Сето ова донесе немир во таборот на германскиот првак без разлика на триумфот над Барселона и Интер во Лигата на шампионите. Тренерот Јулијан Нагелсман веќе е под притисок иако засега официјално ја има поддршката од управата на клубот која сепак изрази незадоволство од резултатите.

-Секако дека не сме задоволни со три бода од четири натпревари, -изјави видно нервозниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ.

-Можеме да бидеме се освен задоволни од изданијата во Бундеслигата. Постигнуваме малку голови, не можеме да му зададеме конечен удар на противникот, лош ни е последниот пас, а постојано ни недостасува концентрација. Сега следува пауза за репрезентациите и ќе имаме време за анализи и долги разговори. Мора што побрзо да се вратиме на вистинскиот пат бидејќи имаме одличен тим со огромен потенцијал во нападот“, изјави спортскиот директор Кан.

Клучен за Нагесман ќе биде наредниот период или поточно до паузата во ноември за СП. Баерн ќе мора да ги подобри резултатите, играта затоа што во спротивно сегашниот стратег може да настрада без разлика што има договор до 2026 година.

Според медиумите великанот од Минхен веќе има пикирано идеална замена ако мора да се реши за драстичен потег и отказ на Нагесман-тоа е доскорешниот менаџер на Челси, Томас Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни