Германија
Баерн има јасен план за трансфер желбата на Реал
Реал Мадрид се обидува да ја искористи секоја можност на трансфер пазарот особено ако има играч кој може да го доведе без трансфер обештетување.
„Кралевите“ станаа мајстори за вакви зделки, па така најдобар, најсвеж пример е случајот со Килијан Мбапе за кого во блиското минато беа подготвени да платат огрома сума на пари за да на крајот го добијат бесплатно откако му заврши договорот со Пари Сен Жермен.
Реал наводно на тој начин ќе го одбие и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен во 2025 година, играч за кого има информации дека веќе се договорот со шпанскиот великан.
Меѓутоа во Мадрид меркаат уште еден фудбалер на Баерн-тоа е германскиот репрезентативец Џамал Мусиала кој пак е врзан до 30 јуни 2026 година.
Баварците не сакаат да ризикуваат и во наредниов период ќе се обидат да го врзат Мусуала со долгорочен договор и со тоа да испратат јасна порака до актуелниот европски првак.
-Сакаме да направиме се што можеме за да го врземе со клубот што е можно подолго. Според мене, тој би можел да стане вториот Томас Мулер и да игра за Баерн во следните 20 години, -истакна претседателот на клубот Херберт Хајнер.
-
Евролига23 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија24 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации14 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан15 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации10 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Шпанија18 часа
Барселона се уште исполнува финансиски обврски кон Меси, Алба и Бускетс
-
Лига на нации15 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија