Германија
Баерн има голем план: Тој може да биде новиот Томас Милер
Баерн Минхен како клуб ги препознава своите вредности во Томас Милер и затоа двојно поголемо е задоволството што легендарниот офанзивец стана играч со најмногу настапи во историјата на клубот, но од друга страна, водечките луѓе кројат планови за да создадат играч кој во иднина би можел да го следи примерот на харизматичниот фудбалер.
Милер стана симбол за Баерн во изминатите две децении и ја одбележа најуспешната ера во историјата на клубот, а Баерн како клуб планира долг престој да му обезбеди на најголемиот талент во овој момент.
Џамал Мусиала избра да игра за Германија пред Англија и со тоа стана уште поголем миленик во оваа земја, но повеќе од јасно, најмногу е ценет во Баварија каде имаат навистина големи планови за него.
Херберт Хајнер како претседател на Баерн подготовува нов долгорочен договор за Мусиала, играч кој великанот од Минхен го смета клучен за својот проект.
– Сакаме да направиме се што е во наша моќ за да го задржиме Мусиала во нашите редови што е можно подолго. По мое скромно мислење, тој може да стане новиот Томас Милер. Гледам како би останал со нас во следните 20 години, – вели првиот човек на Баерн.
-
Англија24 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Лига на нации23 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Свет11 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Лига на нации22 часа
Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации!
-
Италија12 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации8 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)