Германија
Баерн има чудо од дете: Лудорија на Мусиала како на мал фудбал (Видео)

Баерн Минхен успеа да го врзе Џамал Мусиала со нов долгорочен договор, а тоа можеби е и најдобрата работа која ја завршија директорите на германскиот првак во период на Ковид пандемијата.
Талентираниот тинејџер кој има 19 години прераснува во вистински фудбалски мајстор и својот квалитет го покажува од натпревар во натпревар, па откако брилјираше за Германија на мечот со Англија, сега се најде во фокусот и на петочното дерби со кое беше отворено новото коло во Бундеслигата.
Баерн Минхен конечно ја прекина црната серија и победи во домашното првенство по пауза од четири меча, а најодговорен за тоа е Џамал кој намести два гола и постигна еден во победата од 4:0.
Покрај голот во првиот дел и двете асистенции до Сане и Мане, Мусиала намести уште еден во вториот дел, но за жал, истиот беше поништен поради прекршок од Де Лихт во зачетокот на акцијата.
Таквиот еплилог беше вистинска штета, бидејќи пред топката да заврши во мрежата од ударот на Мане, Мусиала изведе неверојатна минијатура како на мал фудбал, минувајќи дури четири играчи на Леверкузен на простор од неколку метри….
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција