Баерн идентификуваше идеална замена за Левандовски во Серија А

robert

Сè погласни се шпекулациите дека Баерн Минхен и Роберт Левандовски се пред „развод“ и дека ова е последна сезона на полскиот напаѓач на „Алијанц Арена“, па клубот веќе се подготвува за живот без својот најдобар голгетер.

Според „Дон Балон“, Баварците размислуваат да испратат понуда за напаѓот на Интер Мауро Икарди, во кого гледаат идеална замена за Левандовски. Според извори од клубот, стручниот штаб смета дека Икарди е сличен играч на Левандовски.

Аргентинскиот напаѓач минатата сезона постигна 24 гола на 34 меча во Серија А, а сезонава продолжи каде што застана со 11 гола на 12 натпревари. Икарди е проценет на околу 50 милиоини евра, но италијанскиот клуб сигурно ќе бара многу повеќе, бидејќи одби неколку понуди по таа цена изминатиот преоден рок.

Дополнително, Интер сезонава брка пласман во Лигата на шампиони, па има малку причини да се раздели од еден од своите најважни играчи. Сепак, Баерн е во добра позиција да испрати понуда што не може да се одбие и тоа уште во јануари, ако тогаш се случи е евентуалното заминување на Левандовски.

Facebook Коментари