Поврзете се со нас

Германија

Баерн и Барнли се договорија за сумата, Компани пред промоција на „Алијанц арена“!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BurnleyOfficial

Баерн Минхен ги интезивираше преговорите со Барнли откако реши дека Венсан Компани и дефинитивно е прв избор за директорите на клубот, па така полека оваа операција меѓу двата клуба доаѓа до својот крај.

Угледниот германски медиум „Скај“ попладнево ексклузивно открива дека Баерн и Барнли го договориле обесштетувањето за белгискиот стручњак, кој и дефинитивно ќе се претвори во нов тренер на германскиот великан.

Компани многу рано во кариерата ќе добие огромен предизвик и ќе биде интересно да се види како ќе се носи со тоа, особено откако неговиот Барнли испадна од Премиер лигата.

Поради овој резултат, малку кој прогнозираше дека ќе заврши во голем клуб, но Баерн смета дека тој има богата фудбалска биографија која ќе му помогне да триумфира на „Алијанц арена“, па затоа и Германците не се двоумеле премногу кога Барнли ја поставил конечната цена.

„Скај“ открива дека Баеррн ќе исплати 12 милиони евра за ослободувањето на Компани, кој во наредните неколку дена се очекува да има официјална промоција на Забенерр Штрасе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни