Поврзете се со нас

Германија

Баерн го забрза договорениот летен трансфер поради повредата на Коман, шпанскиот репрезентативец на пат кон Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Баерн Минхен го договори Брајан Сарагоса како прво летно засилување уште пред два месеци, со напомена дека шпанскиот репрезентативец ќе ја доигра сезоната во актуелниот тим Гранада.

Суперталентираниот крилен напаѓач изрази желба да и помогне на Гранада во борбата за опстанок, но плановите сега драстично се менуваат и уште веднаш ќе треба да се докажува во најдобриот германски тим.

Поради потешката повреда на Кингсли Коман, Баерн беше приморан да реагира и да го помести закажаниот трансфер, а тоа ќе го чини неколку милиони евра.

Угледните германски и шпански медиуми ова утро откриваат дека Гранада и Сарагоса дале зелено светло на комплетирање на целата зделка пет месеци порано, со тоа што Баерн ќе мора да исплати уште 4,5 милиони евра.

Последните информации велат дека Сарагоса веќе е на пат кон Минхен и во текот на денот ќе биде промовиран како големо зимско засилување, што автоматски направи заработката за Гранада да биде доста побогата.

Наместо договорените фиксни 12 милиони евра кои требаше да бидат исплатени налето, шпанскиот клуб сега ќе инаксира вкупно 16,5 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни