Поврзете се со нас

Германија

Баерн го „врза“ фудбалерот кој е откритие на Јулијан Нагелсман: Благодарам што верувате во мене

Објавено

на

Новиот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман воведе одредени промени во клубот откако на почетокот на оваа сезона го замени Ханси Флик кој пак замина на клупата на германската репрезентација.

Нагелсман во тимот на Баерн го уфрли младиот, Јосип Станишиќ кој ја зграпчи шансата и веднаш се наметна како одлично решение за десната бековска позиција.

21 годишниот хрватски интернационалец со Баерн Минхен се обврза на нов договор кој ќе му трае до 2025 година.

– Благодарам на клубот што верува во мене. Ќе сторам се за да продлжам со одличната работа како и во претходните месеци.

– Ова се феноменални моменти за мене и уживам во секоја секунда. Сакам да му помогнам на клубот да освои што повеќе трофеи, -изјави младиот Станишиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни