Поврзете се со нас

Германија

Баерн го реши „случајот Мазрауи“ и порача: Не увери дека е против војната и тероризмот, ние сме цврсто зад Израел

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Германскиот шампион Баерн Минхен и официјално го реши случајот Нусаир Мазрауи кој изминативе денови беше во фокусот на спортската и пошироката јавност во оваа земја.

Мароканецот имаше што да каже да последните случувања во Израел и појасот Газа, а тој негов став донесе доста критики, па дури и имаше барања од политичар бекот да биде протеран од Германија.

Играч на Баерн предзивика политички скандал во Германија

Баерн седна на маса со играчот и потоа испрати јасна порака:

-Нусаир Мазрауи веродостојно не увери дека како човек кој го сака мирот, решително ги отфрла теророт и војната. Жал му е ако неговите објави предизвикаа иритација. Баерн го осудува нападот на Хамас врз Израел, изјави Јан Кристијан Дресен кој е извршен директор на баварците.

-Баерн стои со германската еврејска заедница и е на страната на Израел. Ништо не го оправдува убивањето деца и семејства. Баерн смета дека фудбалот треба да ја искористи својата моќ на помирување меѓу различните култури, особено во најтешките моменти. Мазрауи ќе остане во Баерн, но тој е надвор од теренот поради повредата со која се здоби, се вели во соопштението на клубот од Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни