Германија
Баерн го реши најкомплицираното прашање и со оригинално видео ги израдува своите фанови

Баерн Минхен во краток временски интервал успеа да ги продолжи договорите на Џамал Мусиала и Алфонсо Дејвис, а трендот на задржување на најдобрите на „Алијанц арена“ се комлетира со најважниот потпис оваа зима.
Баварскиот великан со месеци преговараше со својот заменик капитен, па после епизода во која се чинеше дека нема има конечен договор, Јозуа Кимих сепак останува верен на својот сакан клуб.
Неуморниот фудбалер кој може да покрие повеќе позиции на теренот стави потпис на нов договор во времетраење до 2029-та година, а тоа е убедливо најпосакуваната вест која ја чекаа навивачите на Баерн веќе подолго време.
Клубот го реши најкомплицираното прашање и го прослави постигантиот договор со објаување на оригинално видео, во кое Кимих е претставен како голем работник кој ги негува корењата кои тој цврсто ги постави во соблекувалната на Баерн.
– Баерн Минхен е најдоброто опкружување за мене, тука можам да ги остварам моите спортски цели. Ја донесов мојата одлука базирајќи се на овие факти. Не постои подобар пакет од соиграчи, стручен штаб и клупско опкружување за да го остварам најдоброто. Се чувствувам комотно тука и се уште не сум ја завршил мојата етапа во клубот, – порача Кимих.
Verwurzelt in München! Hier, um zu bleiben! 🌳 #Kimmich2029#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/j19CNI41BF
— FC Bayern München (@FCBayern) March 13, 2025
𝐓𝐢𝐞𝐟 𝐯𝐞𝐫𝐰𝐮𝐫𝐳𝐞𝐥𝐭 𝐢𝐦 𝐕𝐞𝐫𝐞𝐢𝐧. 🔴⚪
✍️ FC Bayern und Joshua Kimmich verlängern bis 𝟐𝟎𝟐𝟗.
🔗 https://t.co/x1wLmzfYas#Kimmich2029 #FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/8XUQ07rx4c
— FC Bayern München (@FCBayern) March 13, 2025
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини