Баерн го растури Ајнтрахт, но финишираше со играч помалку поради сериозна повреда

LEva-SC

Германскиот шампион Баерн Минхен славеше со преубедливи 5:0 на Суперкуп натпреварот против Ајнтрахт, но тренерот Нико Ковач има една причина да биде загрижен по вечерашната пресметка во Франкфурт.

Тоа е повредата на Давид Алаба која се случи во завршницата, но според првичните претпоставки се работи за нешто посериозно и поврзано со коленото на австрискиот репрезентативец. Потврда дека повредата не е наивна е и фактот што Алаба замина во соблекувалната, а Баерн последните повеќе од десет минути ги играше со фудбалер помалку затоа што веќе имаше направено три замени.

Во однос на резултатот, победникот беше јасен уште на полувреме кога Баерн водеше со 2:0 со головите на Левандовски. Подоцна, Полјакот го комплетираше хет-трикот, а по еден гол постигнаа Тиаго и Коман.

Facebook Коментари