Евролига
Баерн го расипа дебито на Гасол за Барселона, Зенит остана во трка за плејофот во Евролигата (ВИДЕО)

Ветеранот Пау Гасол конечно го одигра својот прв натпревар за Барселона по кам-бекот во Европа, но неговото деби го расипа Баерн Минхен кој оваа вечер славеше во „Палау Блауграна“ со 82-72 во средбата од последното 34. коло во Евролигата.
Гасол се најде во почетката петорка на каталонците и за вкупно 13 минути на паркетот реализираше 9 поени со 4 скока и 1 асистенција. Поефикасни од него беа Вестерман со 12 и Дејвис и Болмаро со по 11 кошеви.
Кај победникот блескаше центарот Рејнолд со 26 поени.
Овој пораз за Барселона ништо не значи затоа што од претходно го имаше обезбедено првото место, но се уште ќе почека за ривалот во плејофот затоа што за осмата позиција во игра се две екипи Зенит и Валенсија.
Валенсија во моментов е осма затоа што има подобар меѓусебен дуел со рускиот тим, но Зенит има уште еден меч за доигрување, па ако во понеделник го совлада Зенит тогаш за првпат во својата историја ќе игра во разигрувањето во најквалитетното европско натпреварување.
Четата на Пасквал оваа вечер беше подобра од Макаби Тел Авив со 86-69, Холинс беше лидер со 15 кошеви.
На останатите дуели Милано го реши Ефес (98-75), додека Олимпијакос го надигра Химки (82-75).
Ова значи дека во плејофот ќе се соочат:
Барселона-Валенсија/Зенит
ЦСКА Москва-Фенербахче
Олимпија Милано-Баерн Минхен
Анадолу Ефес-Реал Мадрид
-
Германијапред 16 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Македонијапред 11 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Англијапред 19 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 18 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Шпанијапред 19 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Македонијапред 11 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 16 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…