Поврзете се со нас

Германија

Баерн го промовираше засилувањето од 50 милиони фунти: Голем предизвик, ова е токму тоа што го барав (ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен имаше лоша сезона и стана јасно дека ќе бидат направени сериозни промени во екипата, па така прво беше назначен нов тренер во името на Венсан Компани по што се тргна во акција по засилувања, имиња кои ќе донесат свежина, енергија, квалитет и амбиција за врвни резултати и освојување на титули.

Вечерва „баварците“ официјално промовираа едно засилување кое доаѓа од Премиер лигата од редовите на Кристал Палас. Се работи за 22-годишниот офанзвец Микаел Олис кој беше еден од најдобрите играчи на клубот од Лондон, играч кој знае да направи разлика, играч кој се очекува дополнително да експлодира со оглед на возраста.

-Разговорите со Баерн беа многу позитивни и јас сум многу среќен што сега играм за толку голем клуб. Ова е голем предизвик, токму ова го барав. Сакам да се докажам на ова ниво и да ја одиграм мојата улога во осигурувањето дека ќе освоиме што е можно повеќе титули со нашиот тим во наредните години, -порача Французинот кој потпиша договор до јуни 2029 година.

Баерн ќе исплати фиксни 45 милиони фунти, плус 5 милиони фунти во бонуси, а вклучена е и клаузула според која Палас ќе заработи одредена сума од продажбата на Олис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни