Поврзете се со нас

Германија

Баерн го продолжи договорот на голманката која потврди борба со опасна болест

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBfrauen

Германскиот великан Баерн Минхен направи потег за поздравување, продолжувајќи го договорот на голманот на женскиот тим, Марија Луиса Грос.

Грос потврди дека добила дијагноза за малиген тумор и најави пауза на неодредено време, во кое ќе се бори со сериозниот проблем, а клубот реши да и изрази поддршка, ослободувајќи ја од грижите за нејзиниот статус во екипата.

Баерн го продолжил договорот на Грос за една година, односно таа ќе биде под закрила на Баерн најмалку до крајот на следната сезона, а фудбалерката истакнала дека е оптимистка во однос на здравствената состојба и очекува да излезе како победник во оваа битка.

Голманката беше дел од сите настапи на Баерн во женската Лига на шампиони оваа сезона, а неодамна го доби и првиот повик во германската репрезентација, за која сепак не успеа да дебитира поради друг проблем.

Грос е членка на Баерн од 2019 година и веќе освои три германски титули со ова екипа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни