Поврзете се со нас

Германија

Баерн го продолжи договорот и со Горецка

Објавено

на

Баерн Минхен успешно ја заврши и мисијата Леон Горецка, продолжувајќи го договорот со фудбалерот со кој имаше најкомплицирани преговори.

Досегашниот договор на германскиот репрезентативец истекуваше следното лето, па Баерн мораше да реагира одлучно и брзо, за да не дозволи заминување на Горецка без отштета и во редовите на ривалски клуб.

Горецка сега ставил потпис на договор валиден до 2026 година, што значи дека планира долг престој во редовите на Баерн, иако за него се интересираа и премиерлигаши предводени од Манчестер Јунајтед.

Офанзивниот фудбалер пристигна од Шалке 04 во 2018 година и се покажа како одлично засилување за Баварците, а изминатиов период Горецка освои многу трофеи, вклучувајќи го и тој во Лигата на шампионите.

– Изминативе три години освоивме се што можеше да се освои. Но, она што би било уште подобро од освојувањето на овие трофеи е да ги повториме успесите, – изјавил Горецка по објавувањето на информацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни