Поврзете се со нас

Германија

Баерн го потврди засилувањето од 50 милиони евра: Горд сум, ова е остварување на сонот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/nzs_si

Германскиот прволигаш Баерн Минхен имаше катастрофална сезона, па стана јасно дека ќе бидат направени големи промени на „Алијанц Арена“ се со цел клубот да се врати на победнички патеки во натпреварувачката 2024/2025.

Со жестоко темпо се работи во Минхен и денеска веќе е официјализирано уште едно засилување кое ќе го чини клубот најмалку 50 милиони евра, поточно ова е сума без бонусите кои се вклучени во зделката. Имено нов член на баварците е репрезентативец на Португалија, Жоао Палиња кој потпиша договор до 30 јуни 2028 година.

-Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Сега играм за еден од врвните клубови во Европа. Ова е остварување на сонот за мене, многу сум горд на тоа. Со нетрпение ја очекувам атмосферата и навивачите на Алијанц Арена. Сакам да уживам во успехот со Баерн и да освојувам титули – ќе дадам се од себе, -порача Палиња кој лани требаше да слета во Минхен, ама трансферот пропадна во последен момент.

Жоао е играч на врска кој во новата средина доаѓа од Фулам, претходно настапуваше за повеќе клубови во татковината како Спортинг, Мориеренсе, Белененсен и Брага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни