Поврзете се со нас

Германија

Баерн го потврди заемот на свој фудбалер во шпански прволигаш

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Во преодниот рок во кој Баерн Минхен направи важни промени во составот, раководството на бундеслигашот бара начин да се ослободи и од прекубројните фудбалери, а еден од нив дефинитивно ќе се врати во својата татковина.

Брајан Сарагоса беше ангажиран од Баерн во јануари, но новата сезона ќе ја почне како фудбалер на Осасуна, каде очекува да добие сериозна минутажа и да ја врати препознатливата форма.

Шпанскиот фудбалер се наметна кај Баерн со игрите во дресот на Гранада, а откако пристигна во Германија не добиваше шанса од веќе поранешниот тренер Томас Тухел.

Според „Марка“, Осасуна ќе му плати на Баерн 250.000 евра за заемот на една сезона, по што Сарагоса ќе треба да се врати во матичниот клуб.

Сарагоса има само седум настапи за баварскиот тим, а со клубот има договор до 2029 година.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни